Дирекцијата за заштита и спасување заедно со Peer review скрининг тимот од ЕУ, денес ја одржаа завршната средба.Изразувајќи го своето задоволство од посетата директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,г-н Аднан Џафероски, потенцираше дека сигурноста и безбедноста на луѓето е најважна,и им се заблагодари на експертите од ЕУ што во овој историски важен момент, кога се решавааат големи прашања за нашата земја беа присутни тука за нас.Финалниот извештај на Peer Review скрининг тимот ќе биде доставен до ДЗС до крајот на оваа година.