29/03/2024

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување се сретна со амбасадорката на Велика Британија

Првиот човек на дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски, на денешната средба со нејзината екселенција, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј и невладината организација од Велика Британија-Операција Флоријан, разговараше за досегашната успешна соработка на овие институции и продолжување на истата во иднина. Истакнувајќи дека се започнати темелните реформи на целиот систем, г-нот Џафероски кажа дека неговата замисла е Дирекцијата за заштита и спасување која досега беше невидлива во општеството да стане препознатлива. На поканата да го посети мултифункционалниот Центарот за обука во Манчестер, директорот Џафероски го изрази своето задоволство од можноста нашите тимови на лице место да научат повеќе од тамошните експерти и стандарди, и истите да може да бидат имплементирани кај нас, заедно со се што е позитивно од Манчерстер и Велика Британија.