29/03/2024

Отстранета неексплодирана артилериска граната

На 03.11.2018 година (среда) во 13.10 часот, во атарот на село Брод, општина Новаци, пиротехничарот Георги Стефанов подигна неексплодирана артилериска граната 155 мм, од Прва светска војна. Гранатата е пронајдена во приватна нива,и е откриена при изведба на земјоделски работи, при што веднаш е пријавено во Граничната полиција од страна на сопственикот. Од страна на вработениот во Дирекцијата за заштита и спасување гранатата е безбедно подигната и дислоцирана на безбедна локација во Битола.