29/03/2024

Показна вежба во ОУ" Благој Кирков" - Велес

По повод 74 години од ослободување на Градот Велес, по иницијатива на Дирекцијата за заштита и спасување, општината Велес со ТППЕ  организираше показна вежба во ОУ" Благој Кирков" на тема: Евакуација при елементарни непогоди.Во склоп на вежбата беше презентирана и опремата која во изминатите неколку години преку ДЗС беше доделена на општина Велес. Преставниците од ДЗС утврдија дека опремата добро се одржува и е во одлична состојба, а пожарникарите се обучени и правилно ја користат.