28/03/2024

Редовен работен состанок со сите надлежни задолжени субјекти околу организирање и функционирање на зимската служба 2018/2019

На ден 15.11.2018 година во 13 часот, во просториите на општина Битола, под покровителство на Дирекцијата за заштита и спасување ПОЗС-Битола се одржа редовен работен состанок со сите надлежни задолжени субјекти околу организирање и функционирање на зимската служба 2018/2019 на територијалните подрачја на општините Битола, Новаци и Могила. На состанокот активно учество земаа сите засегнати субјекти кои имаат реални задачи и надлежности, кои, се опфатени во програмите за зимската служба за 2018/2019 година. Исто така опфатен беше и начинот, средствата, човечките ресурси од ЈП Македонија пат во однос на чистење на регионалните и магистралните патишта на ниво на регион Битола.