28/03/2024

Вежба за пребарување и спасување при авионска несреќа

Денес, вторник (20.11.2018) на брегот на езерото Загорка, во општина Стара Загора, Бугарија, се реализираше практичнот дел од вежбата за пребарување и спасување при авионска несреќа и отстранување на последиците од истата.

На вежбата беа обработени следните настани: гасење пожар на дел од паднат авион, неутралузирање на истеченото гориво и ладење на трупот заради превенција од настанување нов пожар; барање, спасување и евакуација на преживеани во авионот и тријажа; спречување на истекување гориво во езерото, барање и спасување на тешко пристапен терен, со употреба на кучиња, изведување нуркачки активности заради обезбедување доказен материјал и утврдување на причините за несреќата.
Целта на вежбата е редовна проверка на системот за заштита и спасување, координација меѓу институциите, увежбување на националниот и  општинските планови и процедури, проверка на состојбата на  ресурсите, комуникацијата, но најважно од се, утврдување на слабостите и предлагање решенија за надминување на истите, што е направено на сеопфатната анализа, што се одржа веднаш по завршување на вежбата.

Учесници на овој настан беа претставници од генералната и регионалните дирекции за противпожарна и заштита на населението од цела Бугарија, МВР, Итната медицинска служба, Црвен крст, Цивилната воздухопловна Администрација, доброволци од општина Стара Загора и други.