28/03/2024

Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Осветлување на Владата на РМ во портокалова боја, дебати и работилници низ цела Македонија, се дел од активностите по повод 25 Ноември, Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и кампањата „16 дена активизам”.

„Слушни ме и мене“’ е годинашното мото на Меѓународниот ден, а кампањата која се одржува во светски рамки, почна денеска и ќе трае до 10 декември. Целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките.

Портокаловата боја на кампањата ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените.

Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство.