28/03/2024

Посета на тим од ITF (Enhancing Human Security) од Словенија

Во посета на Дирекцијата за заштита и спасување претстојуваше тим од организацијата ITF (Enhancing Human Security) од Словенија. Таа е воспоставена 1998 година од страна на Владата на Словенија, со иницијална цел да и се помогне на БиХ во имплементацијата на мировниот договор и во пост-конфликтната рехабилитација. Потоа активностите на ITF, пред се намалување на закани од мини, НУС и други експлозивни направи и оружје, се проширија на целиот регион.
Тимот кој дојде во РМ, во состав Грегор Санчанин, шеф на Канцеларијата на ITF во БиХ и Бранислав Јовановиќ, советник за технички прашања, ја разгледаа можноста за отпочнување соработка и развивање проект со ДЗС и Министерство за одбрана.
Гостите посетија и повеќе локации во Гевгелиско-Дојранскиот регион, каде што поминува дел од Солунскиот фронт и каде што има многу  НУС и други експлозивни направи, останати од Првата Светска Војна. Проектот би се одвивал во повеќе фази и би  опфатил асистенција во чистење на НУС, обука, опрема и други активности, согласно приоритетите кои треба да ги дефинира Дирекцијата.