29/03/2024

Средба со господин Станислас Мрозек, прв советник на Амбасадорот на Франција во РМ

Денес, 4.12.2018 година, во Дирекцијата за заштита и спасување, директорот Џафероски оствари средба со господин Станислас Мрозек, прв советник на Амбасадорот на Франција во РМ, и со господин Стефан Роперс, аташе за внатрешна безбедност во Француската Амбасада. На состанокот се разговараше за структурата на цивилната заштита во двете земји и за можностите за унапредувње на билатералната соработка. Во контекст на тоа, веќе се планира обука на тема "Идентификување на потеклото на пожар: несреќен случај или кривично дело" што во соработка помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Амбасадата на Република Франција, ќе се одржи кон крај на јануари и почеток на февруари 2019 година во Скопје. Обуката ќе ја спроведуваат инструктори од Службата за заштита од пожари од Вал д'Оаз од Франција.
Гостите се заблагодарија за содржајната и конструктивна средба и изразија подготвеност за поддршка во спроведувањето на реформите на системот за заштита и спасување.