28/03/2024

Работна средба со Н.Е. г-дин Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Македонија

На 10.12.2018 година, г-дин Аднан Џафероски оствари работна средба со Н.Е. г-дин Мирослав Томан, амбасадор на Чешката Република во Македонија.
На средбата се разговараше за можностите двете пријателски земји да отпочнат меѓусебна соработка во сферата на цивилната заштита, преку размена на посети на највисоко и на експертско ниво. Тоа, понатаму би продолжило и со воспоставување правна рамка, односно потпишување меморандум за соработка, каде прецизно би се дефинирале конкретни активности.
Во поддршка на оваа иницијатива оди и фактот што кон крајот на февруари 2019 година, во официјална посета на РМ ќе престојува Чешкиот Министер за внатрешни работи, па ќе се разгледа можноста претставник на цивилната заштита да биде вклучен во состав на делегацијата. И покрај разликите во организациската поставеност на системите во двете држави, унапредувањето на безбедноста и заштитата на граѓаните и секогаш е на прво место.