20/04/2024

100 години постоење на Филозофскиот факултет

По повод 16-ти декември, Денот на Филозофскиот факултет во Скопје и приближувањето кон чествувањето на големиот јубилеј во 2020 година - “100 години постоење на Филозофскиот факултет”, денес се доделуваа признанија на многумина кои придонесоа во издигнувањето на оваа институција.

Во знак на несебично залагање и поддршка во реализација на летната школа „Управување во услови на мигрантска криза“ и Меѓународната конференција „Мигрантската и бегалската криза во глобалниот свет: Одговорности и одговори“ (Охрид 2017) и многу други активности на Филозофскиот факултет во Скопје во изминатата година, денес му беше врачена Благодарница и на директорот на Дирецијата за заштита и спасување на Република Македонија, г-н Аднан Џафероски.