23/04/2024

Кампања „Намалување на заканите од поплави“

Во склоп на кампањата "Намалување на заканите од поплави" денес Дирекцијата за заштита и спасување доби подршка и од Општина Гази Баба.
Со оглед дека с.Стајковци и Синѓелиќ пред две години беа ризични области зафатени со поплави, ДЗС најпрво одржа презентација на најмладите во ОУ "Кирил и Методиј" во с.Стајковци, за заштита и спасување од сите несреќи. Потоа, тимот на ДЗС пред канцеларијата за кризи во Синѓелиќ делеше флаери на населението, а од таму премина пред канцеларијата за кризи во с.Стајковци, каде директорот на ДЗС Аднан Џафероски и градоначалникот на општина Гази Баба Борче Георгиевски одржаа прес-конференција за медиуми каде го истакнаа задоволството од отпочнувањето на оваа меѓу-инстутиционална соработка која е од општо добро за сите граѓани кој живеат и функционираат на оваа територија.