На ден 23.12.2018 година во 16 часот, пиротехничар од ДЗС од Подрачното одделение во Битола, подигна две неексплодирани артилериски гранати. Едната со калибар 75 mm, а другата со 105 mm. Гранатите беа пронајдени на патот помеѓу селата Брод и Сливица, општина Новаци од страна на граничната полиција Меџитлија.По подигањето беа пренесени на безбедна локација во Битола.