20/04/2024

Соработка во областа на намалување на ризикот од катастрофи (DRR)

Од 17-19 декември 2018 година, во Загреб, преставници од Дирекцијата за заштита и спасување учествуваа во ИПА ДРАМ Работилница со цел вовед и размена на информации за активностите кои се спроведуваат во Република Хрватска и Босна и Херцеговина, во областа на намалување на ризикот од катастрофи (DRR) –соработка на разни активности во областа на DRR и на билатералниот договор.
На работилницата стана збор и за:
-спроведување на рамката Сендаи;
-ставање посебен акцент на статусот на голема несреќа или катастрофа;
-формирање на специјализирани единици во согласност со стандардите на модулот на ЕУ;
-искуство за формирање на единици за општа намена , комесари на цивилна заштита и волонтери;
-размена на искуства за процена на ризик и мапирање, дизајн на планови за заштита и спасување, користење на софтверски решенија и можност за соработка во областите покриени со IPA DRAM и 
-воведување на 112 во Р.Хрватска.
Следната средба на оваа тематика ќе се органзиира во Босна и Херцеговина.