18/04/2024

Отсечени поради голема снежна покривка

Денес, 11.01.2019 год. по дојава од локалните власти бевме известени дека во селото Горно Косоврасти, општина Дебар, мештаните се отсечени поради голема снежна покривка од 80 см. Меѓу жителите имаше две возрасни жени,  кои примаат дијализа веќе долги години. Затоа, ДЗС без размислување прифати да излезе на терен.
После неколку часовна работа на екипите на ДЗС, патот конечно беше исчистен, беше дојдено до пациентите кои навремено беа пренесени во болницата во Дебар.
Сето тоа благодарение на брзата реакција на тимовите за брз одговор за спасување од планина од Дирекцијата за заштита и спасување од Тетово и Битола.
ДЗС будно ја прати ситуацијата со временските услови во земјата и делува секаде каде што има потреба.