25/01/2019
Неопходни мерки согласно ново настанатата временска состојба
Дирекцијата за заштита и спасување со сите Подрачни единици низ Републикава, ја следи ново настаната временска состојба и апелира до сите Градоначалници и единици на Локалната самоуправа да бидат превземени сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, со цел нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно Законот за заштита и спасување.