18/04/2024

Доделени дидактички материјали во детската градинка „25 Мај“

Денес, на 5.02.2019, директорот на Дирекција за заштита и спасување, г-дин Аднан Џафероски, деканот на Филозофскиот факултет проф. др. Ратко Дуев и градоначалникот на општина Гази Баба, г-дин Борче Георгиевски во детската градинка “25 Мај” во општина Гази Баба доделија дидактички материјали, кои беа купени од собраните донации од хуманитарната забава под наслов „Сите под еден чадор“.
Овој настан е само еден од низата на настани кои Дирекцијата и Филозофскиот факултет ги организира во тековниот период.
Директорот на ДЗС, г-дин Аднан Џафероски ја искористи оваа прилика уште еднаш да апелира и да повика на општествена одговорност на институциите, но и поголемо ангажирање на медиумите во оваа акција.