24/04/2024

Пронајдена Зоља

Покрај патниот правец Тетово - с. Селце е пронајден e неексплодиран ракетен фрлач - Зоља, од време на конфликтот 2001 година. Случајот бил пријавен од страна на случаен минувач.
Пиротехничар од Позс Тетово ја одстрани Зољата, која е привремено одложена во прирачен магацин.