28/03/2024

Работилница за напреден систем за превенција и рано откривање на шумски пожари

Претставници од Дирекцијата за заштита и спасување присуствуваа на работилница која е дел од проектот ASPires, а кој се однесува на напреден систем за превенција и рано откривање на шумските пожари. Развивање на нов модел на информациски системи за рано откривање, следење и предвидување на шумските пожари, обезбедувајќи високо ниво на предвидување на опасноста. Преку прокетот на Националните паркови „Маврово’’ и „Пелистер’’ се набавува опрема која се состои од сензори за детекција на параметрите: температура, влажност, притисок, сензори за мерење на ниво на јаглерод диоксид и јаглерод моноксид, рутери за комуникација со контролорите и беспилотни летала дронови кои што се опремени со камери и со мрежни камери. На работилница се презентираа досегашните резултати од работата на проектот, се согледаа искуствата и потребите на крајните корисници во доменот на мониторирањето на шумските предели со цел поефикасна заштита на шумските предели како и навремено и ефикасно реагирање. Откривањето на шумските пожари во раната фаза останува еден од најголемите предизвици за истражувачите и институциите во системот за заштита и спасување.