20/04/2024

Учество на ДЗС на редовните билатерални разговори помеѓу НАТО и Република Северна Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување, на 21 и 22 март 2019 година, учествуваше на редовните билатерални разговори помеѓу НАТО и Република Северна Македонија, за процената на планирањето и ревидирањето на партнерските цели, ПАРП. Овој процес има за цел промовирање на напредокот на силите и капацитетите на државата заради обезбедување највисок степен на соработка со НАТО членките, во операции за справување со кризи, како и во други активности за промовирање на безбедност и стабилност. Тоа обезбедува структуриран пристап кон унапредување на интероперабилноста и способноста на персоналните капацитети на партнерските држави, кои би можеле да се стават на располагање на Алијансата за учество во мултинационални обуки, вежби и операции. ДЗС е дел од овој процес и има обврски во имплементација на партнерски цели.