19/04/2024

Интензивни тренинзи на тимот за подводно деминирање

Пиротехнолози од тимот за подводно деминирање на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија  на повеќе локации во Охридското Езеро изведуваат интензивни тренинзи во нуркање.

Кондиционите нуркања на тимот се редовни активности, а со цел спремност на нуркачите во секое време и во сите амбиентални услови да можат да интервенираат на повик на ДЗС, вели лидерот на тимот - меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски.