29/03/2024

Семинар на тема: „Планирање,подготовка и координација на итна евакуација“

На 16 и 17 Април, 2019 година вработените од Дирекцијата за заштита и спасување, Асим Селмани и Горан Андов учествуваа на семинар во Белград, Република Србија на тема: „Планирање,подготовка и координација на итна евакуација“. На семинарот активно учество земаа сите земји од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Словенија, Турција. Претставниците од ДЗС ги преставија своите активности и можности при спроведување на евакуација која е надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Претставникот на ДЗС, Асим Селмани имаше презентација на тема: „Итна евакуација“, каде што ги претстави искуствата од минатото, обуки, вежби, вклучување на едукативниот процес и др.