29/03/2024

Работен состанок во Здружената оперативна команда

Денес, 10.05.2019 година, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џафероски  со своите соработници на покана на бригадниот Генерал Орце Јордев, одржаа состанок во Здружената оперативна команда. На состанокот се дискутираше за идните планови и активности помеѓу ДЗС и АРМ, како и за учество во вежби кои што би се одржале во иднина помеѓу сите релевантни институции во безбедносните систем. Во следниот период е договорено да се одржат повеќе координативни состаноци околу можните сценарија за вежбите. Сите овие активности ќе бидат со цел за исполнување на пропишаните НАТО стандарди кои нашата земја мора да ги исполни во наредниот период.