Logo

16/05/2019

14 роденден на Дирекцијата за заштита и спасување


Со особена чест и достоинство, вработените, денес го одбележаа Денот на формирањето на Дирекцијата за заштита и спасување. Заштитата и спасувањето на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна и воена состојба, се уредени со Законот за заштита и спасување. Согласно овој Закон, а со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи, на 16 мај 2005 година, беше формирана Дирекцијата за заштита и спасување. Низ овие 14 години оваа Институција помина низ многу искушенија,покажуваше колку знае и умее согласно капацитетите со кои располагаше,беше пред многу предизвици, беше оцрнувана, покажувана со прст, но во овој момент плива и гордо стои и се порамнува со Институции од ваков калибар во регионот кои имаат дупло повеќе буџет, сили и опрема. Оваa Институција последните 2,5 години излегува од анонимноста ,јавноста ја запознава и издвојува, а веќе и почнува да ја вреднува. Директорот на ДЗС, г-н Аднан Џафероски на одбележувањето на 14 роденден, пред вработените одржа краток говор, со кој им се заблагодари на сите кои придонесоа и придонесуваат во развојот на оваа институција и кажа дека во престојниот период дека ги очекуваат многу предизвици со кои ќе треба сите заедно да се соочат. На крајот од одбележувањето директорот за особен интерес и вложување во работењето им додели Благодарници на вработените и соработниците.

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации