19/04/2024

Средба со невладината организација Fire Aid International од Велика Британија

Директорот Аднан Џафероски денес, во својот Кабинет, се сретна со г-н Симон Роули од невладината организација Fire Aid International од Велика Британија, која се занимава со професионални обуки за заштита и спасување од пожари на отворен простор и во урбани средини. Исто така, обезбедува и соодветна противпожарна опрема. Г-н Роули, има огромно искуство во оваа област кое несебично го пренесува.  Дирекцијата, во рамките на веќе воспоставената соработка со организацијата за против пожарна заштита "Флоријан" од Велика Британија, ќе ја инкорпорира и соработката со Fire Aid и ќе продолжи да ги зајакнува противпожарните капацитети во Република Северна Македонија.
Во придружба на г-дин Роули, беше и г-дин Зоран Кочоски од "Коузон" Корпорацијата, со кого Дирекцијата  веќе имаше прелиминарни разговори за воспоставување соработка пред се, во делот на обуките за заштита и спасување.