28/03/2024

г-н Аднан Џафероски одржа работен состанок

Денеска на 23.5.2019 г.(четврток), директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, г-н Аднан Џафероски одржа работен состанок со претседателот на Здружението на еколошко образование за осовременување на образовниот процес,ЗЕОООП, г-ѓа Александра Петровска.Целта на средбата беше подобрување на соработката во областа на еколошкото образование и климатските промени и реализација на идни заеднички проекти. ЗЕОООП Скопје притоа му додели Благодарница на директорот на Дирекцијата поради искажаната поддршка за заедничко градење на цврсто и спремно општество, отпорно на секаков вид на непогоди.