28/05/2019
Донаторски Состанок на Бордот на советници од ИТФ - „Установа за зајакнување на човековата безбедност’’
Како резултат на поканата од страна на Бордот на советници од ИТФ - Установата за зајакнување на човековата безбедност, присуствувавме со учество на претставник на 42 от состанокот.
На состанокот претходеше подготвителна средба од Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана, почитуваната екселенција Амбасадорката Сузана Зеленковска со директорот на Установата за зајакнување човекова безбедност, амбасадор Томаж Ловренчич во врска со престојната 42-ра сесија на Бордот на советници на Организација за зајакнување на човековата безбедност.
На состанокот јасно и прецизно ги искажавме и презентиравме нашите потреби, моменталната сосотојба, предлог за потребите за обука на експертскиот профил. Главна цел на овој работен состанок беше искажување на потребите на нашата држава по однос ова прашање. Укажавме на потребата од имплементирање на новите законски одредби во подготовката на статусот на пиротехничарите, изработка на тренинг програмата и договор за начинот на номинација, возраста, професионалноста и компетенциите при спроведување на проектот во соработка со ИТФ.
На 42-та сесија на Бордот на советници на Организација за зајакнување на човековата безбедност-ITF, како претставник од Република Северна Македонија учествуваше Маја Тимовска, Раководител на одделение за аналитика и истражување при СППР и Амбасадор за Република Северна Македонија во Љубљана нејзината екселенција Сузана Зеленковска.
Состанокот се одржа во конференциската сала на Плоштад Република број 3 во Љубљана, Република Словенија со почеток во 09:30 часот во организација на ИТФ. Пред добивање на потврда за учество претходеше подготовка и изработка на детална презентација во соработка со пиротехничарите на ДЗС. Јасно се презентираше моменталната состојба, проблемите со кои тие се соочуваат, со конкретна компаративна анализа. Исклучително концизен и релевантен материјал за потребите за отпочнување на нов проект.
Важно е да се напомене исклучителната поддршка и помош од страна на нејзината екселенција Амбасадорката Сузана Зеленковска која со своето учество и политичката поддршка го истакна интересот на нашата држава за соработка. На професионално ниво се презентираше политичка поддршка за почеток на проект кој е од исклучителна важност, од страна на нејзиното височество осврнувајќи се и на писмото за намери од директорот на Дирекција за заштита и спасување Аднан Џафероски.