25/04/2024

Светскиот ден на животната средина

Денес, 5 јуни во повеќе од 100 земји, над 1.000000 жители го одбележуваат Светскиот ден на животната средина.
Одбележувањето на овој ден започна во 1972 година и прерасна во клучна алатка на ОН за инспирирање на позитивна акција за заштита на животната средина.
Дирекцијата за заштита и спасување и оваа година се приклучува кон одбележување на овој ден, со цел намалување на последиците од климатските промени во Македонија и светот и зголемување на улогата на младите луѓе во изнаоѓање решенија за нивно надминување.