28/03/2024

Дигитализација на системот за управување со кризи

На 2.07.2019 год. на факултетот на ЈИЕ во Скопје, се одржа Научно-стручна тркалезна маса на тема: “Дигитализација на системот за управување со кризи” во склоп на проектот Next-generation Incident Command System (NICS), на која свое излагање за надлежностите на Дирекцијата за заштита и спасување имаше Др. Маја Тимовска.
Во следниот период, Центарот за управување со кризи е задолжен да ја интензивира имплементацијата на овој проект во сите вклучени институции, како и Дирекцијата за заштита и спасување.