28/03/2024

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија, врз основа на членовите 22,23,24,25,26, и 27 од Законот за работни односи („Службен весник на РМ„ бр. 167/15-пречистен текст, 27/16,120/18), а во врска со член 22 ст. 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на РМ бр.27/14,199/14,27/2016,35/18 и 198/18), и Правилникот за систематизација на работните места на Дирекцијата за заштита и спасување бр.01 -1902/2 од 28.6.2016 година, Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Дирекцијата за заштита и спасување бр. 01-1902/5 од 14.10.2016 година, бр. 01-625/1 од 20.2.2018 година, бр. 01-625/4 од 18.6.2018 година, 29.8.2018 година, 01-625/14 од 3.9.2018 година, бр. 01-625/18 од 4.10.2018 година, бр. 01-277/2 од 22.1.2019, бр. 01-277/5 од 6.6.2019 година објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 2 (две) лица во Дирекција за заштита и спасување на определено време
до крајот на тековната фискална 2019 година

 

Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија објавува оглас за вработување на 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време за работните места:

I Посебни услови кои треба да ги исполни кандидатот:

1. Помлад соработник за планирање, организирање и спроведување на заштита и спасување од пожари, Одделение за планирање, организирање и спроведување на операции и логистичко обезбедување, Сектор за оператива и логистика                      -1извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: одбрана или безбедност
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација VIБ според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредита според ЕКТС или завршен VII степен
  • Работно искуство: со или без работно искуство

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или гер- мански)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 20.987,00 денари за работното место под реден број 1

2. Советник - одговорен сметководител, Одделение за сметководство и плаќање, Сектор за финансиски прашања   -1 извршител

Кандидатот, покрај општите услови предвидени со закон, потребно е:

Посебни услови:

  • Образование: економски науки
  • Стручни квалификации: ниво на квалификација VIА според Македонска рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредита според ЕКТС или завршен VII/1 степен
  • Работно искуство: најмалку 3 години работно искуство во струката

Посебни работни компетенции:

  • да има познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  • да има активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Паричен износ на основна нето-плата: 25.023,00 денари за работното место под реден број 2.

II. Општи услови кои треба да ги исполни кандидатот:

  • да е државјанин на Република Македонија
  • активно да го користи македонскиот јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Доказите за исполнување на условите треба да бидат во оргинална форма или копи ја заверена на нотар:

  1. Доказ за државјанство на Република Македонија/оригинал или копија уверение за државјанство
  2. Доказ за општа здравствена способност/лекарско уверение оригинал
  3. Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, деј ност или должност/потврда
  4. Уверение/диплома за завршен степен на образование/ копија со нотарска заверка верно на оршнал
  5. Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)
  6. Доказ за работно искуство (потврда од АВРМ и од ПИОМ)
  7. Доказ за познавање на компјутерски програми/потврда-сертификат-оригинал или копија
  8. Биографија

III. Распоред на работно време: Работни часови во неделата - максимум 40 работни часови, работно време со почеток меѓу 07:30-08:30 часот и крај на работно време меѓу 15:30-16:30 часот. Работни денови: од понеделник до петок.

Потребната документација треба да се достави во затворен коверт на следната адреса: Дирекција за заштита и спасување на Р.М. на улица „Васко Карангелески“ бр. 8 - Скопје касар- на Гоце Делчев - Аеродром - Скопје(со назнака „За оглас за вработување за работна позиција бр...„)

Пријавите со потребната документација се доставуваат исклучиво преку архивата на Дирекција за заштита и спасување или со препорачана пратка по пошта.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и утврдениот рок и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е три (3) дена од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување).

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2019 година.

 

 

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
ДИРЕКТОР
АДНАН ЏАФЕРОСКИ