28/03/2024

Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам во врска со Зелениот климатски фонд

Претставник од Дирекцијата за заштита и спасување во периодот 12-13.07.2019 година,  учествуваше на настанот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам во врска со Зелениот климатски фонд“, организиран од страна на Кабинетот на Заменик-претседателот на Владата на СРМ задолжен за економски прашања во соработка со Агенцијата за храна и земјоделство при ОН.
Целта на настанот е во соработка со релевантните чинители да се развие националниот механизам за координација и за приоретизација на климатски инвестиции за финансирање преку ЗКФ, како и да се консултираат националните чинители за иницијалните идеи за Процедурата “Без-приговор” за развиени проектни предлози кои државата би ги поднела на увид и можно одобрување од Зелениот климатски фонд.