28/03/2024

Обука на специјалисти за делување во вонредни состојби на Балканските држави

Во периодот од 18-11. до 23.11.2019 год. се одржа обука на специјалисти за делување во вонредни состојби на Балканските држави.Обуката се одржа во Москва во Државната противпожарна академија на Министерството за вонредни состојби на Русија (МЧС). Обуката ја организираше и спроведе Државната противпожарна академија на Министерството за вонредни состојби на Русија (МЧС) во соработка со Српско-Рускиот хуманитарен центар со седиште во Ниш.На обуката за специјалисти за делување во вонредни состојби на Балканските држави , Дирекцијата за заштита и спасување на Владата на Република Северна Македонија учествуваше со свои претставници.