28/03/2024

Состанок со претставниците на Амбасадата на Франција

Директорот Беким Максути денес се состана  со претставниците на Амбасадата на Франција во Северна Македонија, г-дин Станислас Мрозек, прв советник на Амбасадорот, г-дин Стефан Роперс,  аташе за внатрешна безбедност и г-ѓа Анита  Рамаданова, асистент на Аташето. На средбата се разговараше за актуелниот настан со огромното количество  пронајдени неексплодирани убојни средства во Битола и потребата од меѓународна асистенција при нивниот  транспорт и ништење. Беа разгледани повеќе можности и се понудија конкретни предлози за поддршка од страна на одговорните институции во Франција, во тој контекст.

Понатаму, гостите ја  потенцираа досегашната успешна соработка на ДЗС со нашите партнери од Франција, а се  разговараше и за интензивирање на билатералните активности и реализација на обуките одложени поради КОВИД пандемијата.

Директорот Максути  потврди дека остануваме посветени во унапредувањето на соработка со нашите пријатели и срдечно им  заблагодари на гостите за поддршката, а тие, посакувајќи му успех на новата должност, му врачија плакета од Генералната Дирекција за цивилна одбрана на Франција.