28/03/2024

Хуманитарна помош од Романија

Денес во Дирекцијата за Заштита и спасување пристигна донација од медицинските резерви на ЕУ, со посредство на Генералниот Инспекторат за итни ситуации при МВР на Романија. Донацијата се состоеше од 50.000 заштитни маски ФФП3 и 2000 маски тип ФФП2. На примопредавањето на опремата во Дирекцијата за заштита и спасување, покрај Директорот на ДЗС, д-р Беким Максути и Заменик Директорот, г-дин Зулфиќар Зејнулаи, присуствуваше и Н.Е. г-ѓа Адела-Моника Аксинте, Амбасадор на Романија во Северна Македонија. Ова е трета донација од Романија, што е уште една потврда за солидарноста и пријателските односи помеѓу двете држави.