18/04/2024

Европски ден на соработка

Со мотото "споделување на границите, растејќи поблиску" на ден 12ти октомври 2018 год. во Дојран ќе се одбележи Европскиот ден на соработката. Главната цел на Европскиот ден на соработката е подигнување на свеста кaј граѓаните за Европската територијална соработка. Настанот во нашата држава се одржува за запознавање со територијалнта соработка помеѓу Република Македонија и Грција поддржана од страна на ЕУ преку ИПА проектите. По тој повод претставници од Дирекцијата за заштита и спасување организираа настан на кој се запознаа со целите и задачите на проектот „Безбеден прекуграничен превоз на опасни материи - Осиромашени радиоактивни извори“. Овој настан претставува дел од повикот за проекти ИПА ЦБЦ Програма „Грција - Република Македонија 2014 - 2020“ (IPA CBC Programme „Greece - The former Yugoslav Republic of Macedonia 2014 - 2020“), на кој Дирекцијата заедно со Машинскиот Факултет и Инженерската Комора на Р.М. учествува во изработката и имплементацијата на проектот „Безбеден прекуграничен превоз на опасни материи“ (“Safe Cross-Border Transportation of Hazardous Materials: Orphan Radioactive Sources”, acronym: “STRASS”) со бр. CN1 – SO2.1 – SC006 од 11.12.2017 год.