26/04/2024

Кампања за заштита од сите несреќи во основните и средните училишта

Паралелно со Кампањата за намалување на заканите од поплави, Дирекцијата за заштита и спасување континуирано води кампања за заштита од сите несреќи работејќи со најранливата категорија-децата во основните и средните училишта, преку спроведување едукација, информирање и подигнување на свеста за заштита и спасување.
Така, денес тим од ДЗС спроведе презентација на ученици од ОУ Кирил и Методиј во Скопје.
Дирекцијата за заштита и спасување континуирано ќе работи на оваа кампања се до опфаќање на сите училишта во Републиката, вклучувајќи ги и ризичните подрачја и руралните средини.