26/04/2024

Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување на РМ

Со цел најсоодветен одговор на безбедносните закани, хармонизација на активностите, градење взаемна доверба и координирана меѓу-институционална  соработка, денес, 21.12.2018 година(петок), Дирекцијата за заштита и спасување потпиша Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување на РМ.
Со тоа, ДЗС се обврзува дека ќе вложува капацитети за канализирање на активностите во сферата на размена на знаења и искуства, учество во заеднички проекти,обуки и вежби и други активности, во правец на остварување на заедничкото добро и постигнување општ придонес за безбедноста, а пред се ,заштитата и спасувањето на граѓаните на РМ.