Logo

02/12/2020

Посета на локацијата во Битола од страна на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување


На ден 02.12.2020 година, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување  Д-р Беким Максути ја посети локацијата во Битола  каде е пронајден досега најголемиот арсенал на гранати на Балканот кои датираат од Првата Светска Војна. При посетата директорот Д-р Беким Максути пред медиумите изјави дека:


„ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ ОВАА ОПАСНОСТ ШТО ДЕМНЕЕ ПОД ЗЕМЈА НА ОВИЕ ПРОСТОРИ ДА ЈА ОТСТРАНИМЕ, А НЕ ДА РАБОТИМЕ  ВАКА АД ХОК КОГА ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ПОТРЕБА. ТОА Е ОПАСНСОТ КОЈА ШТО СПИЕ, НИКОГАШ НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ НАЈЛОШОТО“


За акцијата уште на почетокот се запознаени и амбасадите на земјите кои биле активни за време на Првата Светска Војна. 
Заклучно денешниот ден во акцијата која траеше еден месец отстранети се над 12 илјади артилериски гранати од страната на пиротекничарите на Дирекцијата и истите се складирани во магацин во старата касарна, а од 15 декември почнува нивното уништување на полигонот Криволак.

Со завршувањето на акцијата за отстранување на гранатите исто така и Реководителот на пиротекничарите Ефтим Митров пред медиумите изјави дека: 
„ОСТАНУВА ПРЕБАРУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ БИДЕЈЌИ ВО ОВА ЗЕМЈИШТЕ ШТО ГО ИЗВАДИВМЕ  ОЧЕКУВАМЕ УШТЕ 20-30 ПАРЧИЊА ШТО НЕ СМЕ ГИ ВИДЕЛЕ ДА ГИ ОТСТРАНИМЕ. ОВА Е  ПОЛОВИНА ОД АКЦИЈАТА, ОД 15-ТИ ПОЧНУВАМЕ СО ДРУГИОТ ДЕЛ КОЈ Е ПОКОМПЛЕКСЕН,  УНИШТИВАЊЕ НА ТИЕ СРЕДСТВА, ДА СЕ ОСЛОБОДИ ГРАДОТ БИТОЛА ОД ТИЕ СРЕДСТВА“.

Транспортот до полигонот Криволак за уништувањето на артилериските гранати ќе почне од 15-ти декември каде што ќе биде вклучена и Армијата на Република Северна Македонија.

 

Logo

За нас

Дирекцијата е формирана со законот за заштита и спасување Со работа започна 16.05 2005 година Дирекцијата е самостоен орган на државната управа Настаната е со спојување на цивилната заштита од Министерството за одбрана и инспекцијата за заштита од пожари од Министерството за внатрешни работи

Контакт информации

Адреса: ул. Васко Карангелески бр. 8
Тел.: 02 2 433 384
Факс.: 02 2 433 300
web site: www.dzs.gov.mk
e-mail: dzs@dzs.gov.mk
press@dzs.gov.mk

Останати контакт информации