19/03/2024

Спасен давеник во Охридското езеро од страна на тимот за спасување на води на Дирекцијата за заштита и спасување

Во рамки на редовните активности за заштита и спасување, како и тренинзи кои редовно ги изведува Дирекцијата за заштита и спасување, денес во водите на Охридското езеро, тимот на ДЗС, околу 16 30 часот, на плажата К`ј Дивоно, забележа давеник и во истиот момент пристапи кон негово спасување. Според информациите добиени од терен се работи за 16 годишно момче од Неготино кое пливало заедно со другарите и помалиот брат. Се уште не е позната причината поради која дошло до давење, бидејќи момчето во моментот на спасување се до превземање од страна на екипата на Брзата помош било во бессознание. Од моментот на извлекување од езерото, па се до предавање на Брзата Помош, тимот на ДЗС му давала прва помош и реанимација на давеникот. Во акцијата учествуваше и екипа на Црвениот крст,заедно со сопственикот на плажата и неговиот братучед.

За сите превземени активности навремено е доставен телефонски извештај до претпоставените лица на ДЗС, како и до Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Дирекцијата за заштита и спасување продолжува со својата мисија и поставување на високи стандарди за заштита и спасување на животот и имотот на граѓаните .